јадовитиот
Вид збор: Придавка
Исполнет со јад.
Примери:
Неговата забелешка беше јадовита.
јадровитиот
Вид збор: Придавка
Суштински, што го содржи најважното.
јазикотворниот
Вид збор: Придавка
Што има својство да влијае на оформувањето на стандардниот јазик.
јунаковиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на јунак.
Примери:
јунакова свршеница, јунакова мајка
јуродивиот
Вид збор: Придавка
Тој што е истовремено свет, со пророчка моќ и ментално ретардиран од раѓање.
Примери:
Таа ја доведе и својата јуродива сестра.
мн. јурти
Вид збор: Именка, женски род
Преносно живеалиште во конусна форма кај некои номадски азиски народи, направено од дрвен скелет и покриено со филц или со кожа.
Англиски:
tent
Турски:
yurt